февруари 19, 2022

Скопје, 18. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.808 тестирања, при што се регистрирани 905 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

Од новозаболените 905 случаи, од Скопје се 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, Куманово – 38, Тетово – 32, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Радовиш – 16, Гевгелија и Неготино – по 15, Штип – 14, Кичево – 13, Ресен – 12, Свети Николе – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Дебар – 7, Кочани – 6, Валандово – 5, Крива Паланка, Берово и Виница – по 4, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од 1.565 оздравени пациенти од Скопје се 970, Куманово – 89, Тетово и Прилеп – по 58, Кавадарци – 57, Битола – 47, Струмица – 31, Велес – 28, Кочани – 24, Неготино – 21, Охрид – 20, Гевгелија и Штип – по 18, Гостивар – 14, Кичево и Струга – по 13, Крива Паланка – 12, Радовиш – 11, Богданци – 9, Македонски Брод – 7, Берово – 6, Свети Николе – 5, Ресен, Виница, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Валандово и Демир Хисар – по 3, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Кратово, Пробиштип и Дојран – по 1.

Од 10-те починати три се од Скопје (70, 77 и 97 години) и Прилеп (61, 72 и 77 години) и по едно од Велес (75 години), Охрид (88 години), Кавадарци (58 години) и Крушево (63 години). Од пријавените лица девет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени осум починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 86 години. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022 година. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука