февруари 22, 2022

Скопје, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.506 тестирања, при што се регистрирани 848 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 451
• Кавадарци 50
• Битола 43
• Велес 39
• Прилеп 37
• Куманово 33
• Кичево 30
• Тетово 23
• Радовиш 18
• Струга 15
• Гостивар и Неготино по 13
• Гевгелија 11
• Кочани и Ресен по 10
• Дебар 9
• Охрид, Крива Паланка и Валандово по 6
• Струмица 5
• Штип, Демир Хисар и Македонски Брод по 3
• Делчево, Берово и Демир Капија по 2
• Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (72, 78, 79 и 80 години), 3 починати лица од Штип (77, 84 и 90 години) и по едно починато лице од Битола (69 години), Куманово (52 години), Кочани (70 години) и Струга (83 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка(1) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 64 до 87 години. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 19.02.2022 година. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички услови.

Регистриран e 1.369 оздравени пациенти од:

• Скопје 920
• Куманово 49
• Велес 48
• Битола 43
• Струмица 41
• Кавадарци 36
• Тетово 35
• Штип 22
• Прилеп и Кичево по 21
• Гостивар 20
• Дебар 17
• Неготино 14
• Струга 13
• Кочани и Свети Николе по 10
• Охрид 9
• Гевгелија 8
• Ресен 6
• Крива Паланка и Берово по 5
• Радовиш 4
• Пехчево 3
• Валандово, Делчево и Демир Капија по 2
• Македонски Брод, Кратово и Виница по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.874.917 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 294.407, бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука