Скопје, 25. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.669 тестирања, при што се регистрирани 517 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 261
• Битола 31
• Кавадарци 24
• Прилеп и Велес по 22
• Куманово 18
• Тетово 16
• Кичево 14
• Гостивар и Штип по 13
• Охрид 12
• Крива Паланка 11
• Струмица 10
• Струга и Неготино по 8
• Кочани, Гевгелија, Свети Николе и Ресен по 5
• Дебар и Демир Хисар по 4
• Радовиш, Делчево, Валандово, Богданци, Кратово и Демир Капија по 1
Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (65, 72, 83 и 86 години) и по едно починато лице од Струмица (78 години), Кавадарци (42 години), Македонски Брод (45 години), Штип (81 години) и Гевгелија (65 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 72 до 79 години. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022 година. Од починатите лица, 2 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Регистриран сe 1.022 оздравени пациенти од:
• Скопје 557
• Тетово 51
• Велес и Куманово по 45
• Струмица 32
• Прилеп 31
• Кавадарци 30
• Охрид 26
• Гостивар 25
• Неготино 21
• Битола 20
• Кичево 19
• Дебар 15
• Гевгелија и Ресен по 14
• Штип 13
• Кочани 11
• Струга 10
• Радовиш 8
• Крушево 5
• Демир Хисар, Делчево, Богданци и Кратово по 4
• Крива Паланка, Свети Николе, Валандово, Демир Капија и Пехчево по 2
• Берово, Виница, Пробиштип и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.229, бројот на оздравени пациенти е 282.604, на починати е 8.981 а бројот на активни случаи изнесува 4.644. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство