февруари 26, 2022

Скопје, 26. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.146 тестирања, при што се регистрирани 473 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 255
• Битола 31
• Куманово 25
• Прилеп 23
• Кавадарци и Велес по 17
• Тетово 14
• Кичево 13
• Охрид и Штип по 12
• Струмица и Гевгелија по 10
• Гостивар и Струга по 5
• Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија по 3
• Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево по 2
• Дебар 1

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 74 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (13), кај 11 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: По едно починато лице од Прилеп (89 години), Кочани (85 години), Штип (80 години), Охрид (71 години), Велес (85 години) и Кичево (71 години). Сите пријавени лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 84 години. Починати се во период од 10.02. до 23.02.2022 година. Од починатите лица, 2 се починати во болнички услови, а 5 лица во домашни услови.

Регистриран сe 775 оздравени пациенти од:

• Скопје 454
• Куманово 55
• Битола 54
• Струмица 26
• Тетово 25
• Прилеп 20
• Кичево 17
• Охрид 15
• Кавадарци и Велес по 14
• Гостивар 9
• Кочани и Ресен по 8
• Штип 7
• Крива Паланка 6
• Струга, Неготино и Радовиш по 5
• Гевгелија, Богданци и Кратово по 4
• Делчево 3
• Берово, Валандово, Виница, Крушево и Пехчево по 2
• Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.886.706 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 296.703, бројот на оздравени пациенти е 283.411, на починати е 8.994, а бројот на активни случаи изнесува 4.298. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука