февруари 27, 2022

Охрид, 27. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Од 00:40 часот, поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.

Од 03:00 часот, поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 05:25 часот, поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 06:20 часот, поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2021 година. (Крај)

извор: АМСМ  фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука