Скопје, 28. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.362 тестирања, при што се регистрирани 183 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 135
• Кавадарци и Струмица по 7
• Куманово 6
• Гевгелија 5
• Прилеп, Штип и Струга по 4
• Гостивар 3
• Охрид и Богданци по 2
• Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка по 1
Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60, 69 и 89 години) и по едно починато лице од Куманово (65 години), Кочани (45 години) и Тетово (78 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (3). Починатите лица се на возраст од 68 до 93 години. Лицата за починати се пријавени во период од 23.02. до 26.02.2022 година. Сите лица се починати во болнички услови.
Регистриран сe 845 оздравени пациенти од:
• Скопје 451
• Битола 49
• Велес 42
• Кавадарци 36
• Прилеп 34
• Куманово 30
• Тетово 27
• Кичево 20
• Охрид 19
• Струмица и Гевгелија по 17
• Неготино 14
• Ресен 13
• Радовиш 12
• Струга, Гостивар и Кочани по 9
• Крива Паланка 8
• Штип 7
• Валандово 4
• Дебар 3
• Делчево, Берово, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија по 2
• Богданци, Свети Николе, Виница по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.890.628 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство