COVID-19 Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Covid-19

Скопје, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 21-ви до 27-ми февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирани се 3.702 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 39,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела.
Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6% помалку во однос на претходната недела. Според извештаите од болниците,моментално се хоспитализирани337лица(23,3%помалку во споредба со претходна недела),од нив255се на кислородна поддршка.Опфатот со две дози на вакцина против Covid-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 51,0%, односно 47,1% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува41,1%.Најголем број на вакцинирани лица (со прва или втора доза) е регистриран во 33та недела од 2021 година. Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно2.846, од тоа332се први дози,851како втора доза и1.663 аплицирани како трета доза. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука