Охрид, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец февруари во Охрид се регистрирани 601 нови случаи на Covid-19.
Во овој период регистрирани се 731 оздравени пациенти, а 25 починале како последица на компликации предизвикани од вирусот. Моментално во градов има 85 активни случаи на Covid-19.
Бројките укажуваат на преполовување на бројот на новозаболени од вирусот. Колку за споредба, во јануари оваа година беше регистрирана рекордна бројка на новозаболени за период од еден месец, од почетокот на ковид пандемијата, дури 1.107, а имаше и голем број на амбулантски случаи, што на дневна основа достигнуваа и до 160 прегледи.
Периодов продолжува трндот на намалување на бројот на активни ковид случаи. Министерот за здравство Беким Сали вчера истакна дека бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран. Додаде дека Комисијата за заразни болести ќе направи анализа на епидемиолошката состојба и ќе даде насока во кој правец ќе се движиме и дали ќе има евентуално олабавување на некои мерки. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес