март 1, 2022

Скопје, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.781 тестирања, при што се регистрирани 476 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 270
• Прилеп 25
• Куманово 24
• Битола 21
• Кавадарци и Кичево по 18
• Гевгелија 16
• Велес 13
• Тетово 12
• Гостивар 9
• Неготино 8
• Охрид 7
• Струга и Крива Паланка по 5
• Кочани 4
• Радовиш и Кратово по 3
• Струмица, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 2
• Ресен, Дебар, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица по 1

Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62, 64 и 74 години) и по едно починато лице од Куманово (78 години), Радовиш (71 години), Кочани (82 години), Битола (73 години), Кавадарци (47 години) и Прилеп (86 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63 до 89 години. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022 година. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 524 оздравени пациенти од:

• Скопје 318
• Кавадарци 28
• Велес 23
• Куманово и Струмица по 22
• Тетово 18
• Охрид 13
• Гостивар и Гевгелија по 11
• Неготино, Радовиш и Дебар по 7
• Штип и Струга по 6
• Свети Николе и Валандово по 4
• Демир Капија 3
• Кочани, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци по 2
• Прилеп, Делчево, Берово, Кратово, Пехчево и Дојран по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027, а бројот на активни случаи изнесува 3.431. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука