март 2, 2022

Скопје, 2. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.730 тестирања, при што се регистрирани 457 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 246
• Велес 25
• Битола 24
• Прилеп 22
• Тетово, Кавадарци и Ресен по 17
• Куманово 15
• Гостивар и Гевгелија по 10
• Штип 7
• Охрид и Свети Николе по 6
• Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка по 5
• Кочани 3
• Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија по 2
• Дебар, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (457), регистрирани се 74 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (76 и 80 години) и по едно починато лице од Крива Паланка (64 години), Радовиш (82 години), Прилеп (75 години), и Тетово (68 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2), Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71 до 86 години. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.

Регистриран сe 447 оздравени пациенти од:

• Скопје 267
• Велес 34
• Куманово 24
• Кавадарци 18
• Битола 15
• Прилеп 14
• Дебар 13
• Тетово 11
• Кичево 10
• Струмица 6
• Гевгелија, Штип и Неготино по 5
• Гостивар 4
• Ресен, Кочани и Берово по 3
• Крива Паланка и Радовиш по 2
• Свети Николе, Пехчево и Пробиштип по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.195, бројот на оздравени пациенти е 285.907, на починати е 9.036, а бројот на активни случаи изнесува 3.252. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука