март 3, 2022

Скопје, 3. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.533 тестирања, при што се регистрирани 467 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 245
• Куманово 34
• Велес 22
• Битола 20
• Прилеп 19
• Кавадарци 18
• Тетово 17
• Охрид 13
• Струга и Ресен по 8
• Штип, Гевгелија и Крива Паланка по 7
• Струмица, Кичево и Дебар по 6
• Гостивар 5
• Кочани, Неготино и Демир Хисар по 3
• Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица по 2
• Берово и Виница по 1

Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (88, 88, 85 и 75 години) и по едно починато лице од Дебар (88 години), Кавадарци (71 години), Демир Хисар (80 години), Охрид (67 години), Демир Капија (82 години) и Неготино (87 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77 до 85 години. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022 година. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 414 оздравени пациенти од:

• Скопје 202
• Битола 28
• Кавадарци и Велес по 26
• Куманово 21
• Прилеп 19
• Штип 13
• Тетово 12
• Струмица 10
• Кичево 9
• Крива Паланка 8
• Гостивар 7
• Гевгелија 6
• Струга 5
• Радовиш 4
• Кочани, Неготино и Свети Николе по 3
• Охрид, Ресен и Валандово по 2
• Кратово, Демир Хисар и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи изнесува 3.233. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука