Скопје, 6. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.365 тестирања, при што се регистрирани 223 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 131
• Прилеп 19
• Битола 15
• Тетово 11
• Куманово и Велес по 7
• Штип, Неготино и Ресен по 4
• Кичево, Струга и Кратово по 3
• Гостивар, Охрид и Свети Николе по 2
• Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар по 1
Од вкупниот број на позитивни (223), регистрирана е 37 реинфекција. Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (74 и 75 години) и едно починато лице од Струмица (82 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Тетово (78 години). Починатиот е пријавен на 24.02.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.
Регистрирани сe 174 оздравени пациенти од:
• Скопје 128
• Кавадарци и Гевгелија по 7
• Куманово 6
• Битола и Велес по 4
• Ресен и Крива Паланка по 3
• Гостивар и Неготино по 2
• Штип, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.906.808 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, на починати е 9.079, а бројот на активни случаи изнесува 2.871. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство