Скопје, 7. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Covid-19, за два дена се вакцинирани над 1.500 лица (со прва и трета доза), информираат од министерството за здравство.
– Преку SMS пораки ги повикуваме лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку „Мој Термин“. Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес, соопштија од ресорното министерство.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје и потсетуваат дека сите вакцини што се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на вирусот.
Повеќе информации за медицинските состојби поврзани со повисок ризик за тешка форма на ковид на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/
извор: ОхридПрес фото: архива