Скопје, 9. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.410 тестирања, при што се регистрирани 292 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 140
• Битола 21
• Куманово 18
• Велес 16
• Прилеп 14
• Тетово 13
• Кавдарци 12
• Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 5
• Виница 4
• Струга и Демир Хисар по 2
• Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија по 1
Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции. Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85 години) и Кавадарци (67 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 45 до 85 години. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022 година. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од:
• Скопје 168
• Куманово 25
• Битола 15
• Кавадарци 14
• Тетово 13
• Велес 11
• Прилеп 8
• Гостивар, Кичево и Крива Паланка по 5
• Струмица, Гевгелија и Дебар по 4
• Штип, Кочани и Струга по 3
• Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен по 2
• Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.913.011 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.398, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104, а бројот на активни случаи изнесува 2.230. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство