Охрид, 13. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со обележувањето на делот за паркинг, ивичниците и столбовите за улично осветлување, полека се наѕираат контурите на првиот дел, на потегот од Градскиот кеј до Поштата, на булеварот „Македонски просветители“ во центарот на Охрид.
Паралелно, продолжува интензивно да се работи и на потегот од улицата „Партизанска“ до „Димитар Влахов“, која од неодамна се користи за двосмерно движење на возилата.
Ова е само продолжување на активностите за комплетна санација на булеварот „Македонски просветители“ која официјално започна на 21-ви ноември 2021 година.
– Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон ново воспоставениот времен режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, апелираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес