Охрид, 16. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачот Никола Паскали од центарот „Акватек“ од Охрид спроведе мартовска ЕКО акција за чистење на дното на езерото.
Акцијата се спроведе во водите на Охридското Езеро, над плажата Сараиште, Стар Град на температура на водата од 7-8 степени.
– Мартовска ЕКО авантура. Природата почнува да се буди… Повторно ќе се разбуди во отпад… Ја загадивме водата што ја пиеме, храната станува отровна, воздухот загаден… – порача Паскали.
Тој и неговите колеги од Нуркачкиот центар „Акватек“ веќе години наназад спроведуваат редовни ЕКО акции и иницијативи за заштита и чистење на Охридското Езеро, особено на неговото дно од ѓубрето кое секојдневно го фрлаат неодговорни поединци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Акватек
Прочитано: 37