Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Арт кујна: На слатко од смокви и музика од џубокс и грамофонски плочи кај Вики и Оливер во „Форт кафе“ – вистински чувари на спомените на целиот град

Охрид, 1. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Сите гости кои доаѓаат во кафетеријата на Виолета и Оливер Цепенковски, која е и еден вид на музеј во кој се изложени предмети кои тие ги наследиле од своите претци, се пречекуваат со домашно слатко од зелени смокви како дел од охридската традиција и со домашен ликер.

Виолета и Оливер Цепенковски се брачна двојка од Охрид, ама со нив не се запознавме во Охрид, туку во Скопје, додека ја поставуваа својата трпеза за време на конференцијата „Хероини во туризмот“.

Како да не застанете покрај таква трпеза која иако импровизирана, веднаш го привлече моето внимание со убавиот старински сервис од порцелан, сребрениот прибор, ама и со слаткото од смокви, разнобојните ликери, ѓезве и филџани за кафе кои потсетуваат на оние од времето на нашите баби.

Ми објаснија дека тие се сопствениците на „Форт кафе“, лоцирано пред самиот влез на охридската тврдина. Оваа кафетерија постои десет години, а како што велат, се почнало сосема случајно и скромно, како мало место за пауза на туристите кои организирано или индивидуално го посетуваат тој дел на градот.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

извор: Арт кујна фото: Арт кујна

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука