Охрид, 4. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Значително зголемено нивото на водата во Охридското Езеро, но и натаму е под месечниот просек.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,46 м.н.в, што е за 13 сантриметри под просекот за април (693,59 м.н.в), односно 36 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 7 степени и е за 3,4 степени пониска во однос на месечниот просек.
Врнежливиот период придонесе за подобрување на хидролошката состојба на езерото, па за една недела водостојот се покачи за шест сантиметри. Со оглед на тоа што врнежи се најавени и за следните неколку дена, се очекува дополнителен пораст на нивото.
Во Охрид денес претежно облачно време, попладне од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.
– Во следните денови ќе е променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе се задржи слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст од среда кога ќе е краткотрајно стабилно, а потоа се очекува нова краткотрајна нестабилност, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР