април 5, 2022

Охрид, 5. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младата охриѓанка Нина Ангелоска е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Важи за голем вљубеник во фотографијата. Веќе подолго време преку фотографскиот објектив ги овековечува препознатливите локации низ Охрид и ги објавува на Facebook страницата Nina’s Photogragphy. Таа е автор и на два документарни филмови, „Животот и традицијата на младите“, за обичаите и настаните околу и за време на поголемите зимски празници во охриското село Пештани, како и на „Некогаш и сега“ во кое ни ја прикажува денешната сурова реалност и патењето по минатото. Покрај другарувањето со фотоапаратот и пасијата кон фотографирањето Нина тренира и карате и има освојувано бројни награди.

Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: D-mol на Đorđe Balašević, Puerto Rico на Vaya Con Dios и La Isla Bonita на Madonna.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Нина падна на Тоше Проески со „По тебе“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука