април 6, 2022

Охрид, 6. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Новинарката Татјана Караџова- Маленкова е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Со големо медиумско искуство зад себе, Караџова- Маленкова долги години ги бележи настаните во нејзиниот Охрид. Разговара со луѓе кои имаат што да кажат, пренесува информации кои се интересни за нејзините читатели. Како дел од One media групацијата, во моментов таа ја извршува функцијата уредник на порталот news1.mk.

Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Hymn For The Weekend на Coldplay, Just Give Me A Reason на Pink и Easy On Me на Adele.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Караџова- Маленкова падна на Лозано и неговата „Километри“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука