април 8, 2022

Охрид, 8. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Весна Терзиоска, дипломиран педагог и магистер по менаџмент на човечки ресурси, е денешен гостин во рубриката „Моите 3 омилени песни“ на Супер радио и OhridPress.

Работи како училишен педагог во ООУ „Ванчо Николески“. Исто така е и долгогодишен волонтер во Црвен Крст и во моментов потпретседател на Црвен Крст Охрид. Весна сака да е корисна за себе и за околината. Тежнее да биде организирана, а нејзините пријатели за неа велат дека ја работи работата со задоволство, секогаш поставува високи цели, но на крај секогаш и ги исполнува. Сака да патува и да истражува острови, бидејќи ужива во море и сонце. Сака прошетки во природа и обожава да вози велосипед. Сака разговори и тишина со одбрани луѓе. Обожава да чита книги. Весна сака предизвици, учење нови нешта, одење напред. Секогаш и секаде слуша музика, а кога е во градов, нормално слуша Супер радио.

Нејзин музички избор во „Моите 3 омилени песни“ се песните: Holding Out For A Hero на Bonnie Tyler, You Will Never Know на Imany и Terca Na Tisinu на Silente.

Помеѓу најдобрите македонски песни, изборот на Терзиоска падна на Eye Que со „Само сакав“. Овој избор можете да го следите во изданието на емисијата „Мак Топ 10“, која се емитува премиерно на Супер радио секој четврток од 20:00 до 21:00 часот и репризно во сабота од 16:00 до 17:00 часот.

Рубриката „Моите 3 омилени песни“ можете да ја слушате на Супер радио, на 97.00 FM секој работен ден во 10:30 и 17:30 часот или преку нашите веб интернет канали и стриминг платформи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука