ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува да расте нивото на Охридското Езеро

Охрид, 11. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – И натаму продолжува да расте нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,51 м.н.в, што е за 8 сантриметри под просекот за април (693,59 м.н.в), односно 41 сантиметар над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 5,5 степени и е за 4,9 степени пониска во однос на месечниот просек.

Изминативе десетина дена водостојот е покачен за цели 11 сантиметри.

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.

– Во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, особено утре изутрина, кога на повеќе места ќе се спуштат под нулата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука