ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно раст на водостојот на Охридското Езеро

Охрид, 12. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Повторно е забележан раст на езерското ниво.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,52 м.н.в, што е за 7 сантиметри под просекот за април (693,59 м.н.в), односно 42 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 5,5 степени и е за 4,9 степени пониска во однос на месечниот просек.

Во однос на вчерашните мерења нивото е покачено за еден сантиметар, а изминативе речиси две недели водостојот пораснал за цели 12 сантиметри. Во Охрид денес сончево и потопло време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.

– Денес и во следните денови ќе преовладува стабилно и сончево време со пораст на дневните температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука