април 15, 2022

Охрид, 15. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Наместо комплетна санација на колекторскиот систем, едно од многуте ветувања на СДСМ, охриѓани за возврат од нив добија двојно поголеми сметки за колектор и нови непродуктивни партиски вработувања, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Останаа само сликите и празните зборови и покрај спроведениот инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина со кој се потврдува дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро кај Воска. За ваквата неспособност и тоталната незаинтересираност за заштита на животната средина и езерото неопходна е оставка од директорот на ЈП „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски, реагираат од партијата.

Додаваат дека колекторот е нефункционален, а неажурноста на централната власт предводена од СДСМ да го реши проблемот е очигледна.

– СДСМ и покрај огромните финансиски средства не го исполни своето ветување за решавање на колекторскиот систем со цел граѓаните да имаат чиста и квалитетна езерска вода, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука