Охрид, 17. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охрид како дел од поголема кружна тура низ Балканот која се нуди по цена од 799 евра од вчера се рекламира на флаери кои се дистрибуираат низ супер маркетите на Лидл во Австрија.
Понудата потенцијалните туристи може да ја купат и online и да патуваат на повеќе дневна тура низ Балканот. Покрај Охрид, во понудата се нуди и посета на Скопје.
Понудата за балканската тура е на страните на флаерот за попусти и цени во Лидл, кој за пазарот во Австрија е дистрибуира во тираж од 2 милиони примероци. (Крај)
извор: Охрид 1 фото: Охрид 1
Прочитано: 20