Куманово, 20. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Опфатот со вакцинација против COVID-19 на државно ниво е 46 отсто, изјави министерот за здравство Беким Сали.
Додава дека за жал, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што е позитивна вест.
– Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања.
Потенцира дека имаме сосема доволен број вакцини за секој граѓанин кој е заинтересиран за вакцинација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28