Охрид, 22. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со температура која денес се очекува да се искачи до 18. степени, Охрид, најголемиот туристички центар кај нас ги пречекува Велигденските празници.
Според најавите од угостителските работници, Охрид ќе биде солидно исполнет со гости за Велигденските празници. Овој Велигден конечно ќе го дочекаме без рестрикции и ограничувања поради Covid-19 пандемијата, како во изминатите две години.
Раздвиженоста низ градот веќе се чувствува, а покрај домашните гости, кои ќе престојуваат во приватното сместување или во сопствените станови и викенд куќи, се очекуваат и странски туристи.
Стандардно за Велигден, најмногу ќе ги има од Грција и Бугарија, како и од Србија. Угостителите подготвија и добра забава за сите вкусови, со цел да се анимираат гостите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес