Охрид, 28. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Мора сериозно да се сфати проблемот со отпадот. Во 21 век живееме со депонии околу нас, СТОП за пластика со еднократна употреба, порача познатиот охридски нуркач Никола Паскали преку новото подводно видео кое го снимил на потегот од Сараиште до охридското Пристаниште.
– Ново видео од убавините на нашето езеро. Дрвената шина, кајчето на Срјшче, ендемични флора и фауна се убавините кои ги среќаваме додека одиме до Пристаниште. Температурата на водата е од 09°С до 13,5°С во плитките делови. Еден апел до училиштата и учителите. Одете со децата секој викенд во природа. Секој викенд организирајте еколошки акции. Учите додека чистите. Многу може да се научи од ѓубрето, буквално има се’ и сешто и за секоја наука место. Еве петок да биде и настава во природа, на ледина, порача Паскали.
извор: ОхридПрес фото/видео: Никола Паскали