Охрид, 29. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид, денеска, со почеток во 10:30 часот ќе започне Меѓународната еколошка акција за чистење на Охридското Езеро „Охрид ЕКО 2022“.
Во еколошката акција ќе земаат учество голем број нуркачи од Република Македонија, нуркачи од странство и еколошки друштва.
На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, а настанот свечено ќе биде отворен во 10:00 часот на Градското пристаниште во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27