Париз, 31. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Франција веќе се најде на врвот на листата на непријателите на исламот, преземајќи го првото место пред САД.
Ова го изјави еден од лидерите на филијалата на терористичката организација “Ал Каеда”, базирана на Арапскиот полуостров.
Во видео објавено на YouTube, идеологот на групата вели дека со слабеењето на САД во последниве години Франција ја заменила САД во војната против исламот.
Вашингтон го смета “Ал Каеда” на Арапскиот Полуостров за најактивниот и опасен огранок на организацијата. Токму таа ја презеде одговорноста за нападот врз редакцијата на “Шарли ебдо” во Париз, велејќи дека дејствувала по наредба на лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири. (Крај)
извор: ОхридПрес/АФП фото: архива
Прочитано: 30