септември 2, 2022

Охрид, 2. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денес и во деновите од викендот патниот правец преку Галичица ќе биде отворен за посетители.

Од НП Галичица информираат дека во овие деновиве нема да се извршуваат предвидените активности за реконструкција на патниот правец „Дервен-Царина“ (преку Галичица) и патот ќе биде прооден.

Инаку од 18-ти август па до 12-ти септември на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, поради изведување градежни работи (асфалтирање), сообраќајот делумно ќе биде во прекин, и тоа во периодот помеѓу 09:00 и 15:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука