Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охридскиот филигран и бисери претставени на македонскиот штанд на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград

Белград/Охрид, 2. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Фамилијата занаетчии Шикалески од Охрид се присутни на македонскиот штанд на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, кој се одржува во Белград.

– Тие ја збогатуваат програмата со рачна изработка на сребрен филигрански накит. Со своја презентација на македонскиот штандот се присутни и бисерите Филеви од Охрид, а би сакале да напоменеме дека Михајло Филев е почесен конзул во Србија. Посетителите се удостоени и со презентација на кој начин се изработува традиционалниот охридски бисер, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: АППТ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука