Белчишта, 12. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Охрид ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Дебрца дека во среда, на 14-ти септември 2022 година, нивните екипите ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.
– Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на реката Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Охрид.
Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања телефонот за контакт во Центарот за јавно здравје во Охрид е 046/231-030. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива