Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Претрес во Слатински Чифлик, приведено едно лице, пронајдено оружје

Охрид, 17. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти септември 2022 година, во 15:50 часот во селото Слатински Чифлик, Општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 61-годишниот Ќ.П. од селото Слатински Чифлик.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 мм и 23 куршуми за ловечка пушка калибар 12 мм. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука