Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Воска Спорт „извлече“ нерешен резултат со Гостивар, помал инцидент на трибините (Видео)

Гостивар, 17. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалските екипи на Гостивар и Воска Спорт од Охрид одиграа без победник 2-2 во денешниот дерби натпревар од петтото коло на Втората лига.

Гостите од Охрид преку Демири го отворија резултатот, Гостивар успеа да изедначи пред паузата со голот на Рамадани за на полувреме да се замине со резултат 1-1. Рамадани по вторпат погоди за водство на гостиварци од 2-1, но Ален Јашароски не дозволи Воска да загуби пред крајот на мечот постигнувајќи гол за конечни 2-2, јави порталот gostivarpress.mk.

Денешниот дуел помеѓу овие две екипи донесе тензичен меч како на теренот така и на трибините, што доведе до краток инцидент на трибините. По водството на гостите од 0-1 дојде до кратка физичка пресметка помеѓу дел гледачите на двата клуба, по што брзата интервенција на обезбедувањето ги смири страстите, натпреварот заврши мирно.

По денешниот натпревар, екипата на Воска Спорт остана на врвот на табелата, а Гостивар со овој резултат покажа дека има високи амбиции во тековната ВМФЛ сезона. (Крај)

извор: gostivarpress.mk фото/видео: gostivarpress.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука