Скопје, 17. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Алкалоид на домашен терен ја совладаа екипата на Охрид со 24-22 во натпревар од третото коло во Супер-лигата.
Нашите најдобри ракометари во текот на целиот натпревар беа одличен противник на избраниците на Кирил Лазаров и на полувреме заминаа со резултат 12:11. Охриѓани имаа само почетно водство од 0-1, по што Алкалоид ја презеде контролата над мечот.
Езтурк со седум гола беше прв стрелец, а на нашите ракометари не им помогна ниту одличното издание на голманот Цинцадзе и неговите 16 успешни интервенции. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26