ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Општина Вевчани Струга ТОП ВЕСТИ Туризам

Брачен пар од Германија се врати во Вевчани по 52 години, објавени фотографии од селото од далечната 1970 година (Фото)

Вевчани, 17. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook профилот на Пансионот Кутмичевица од Вевчани, објавени се ретки фотографии од Вевчани од далечната 1970 година.

– Изминативе денови имавме драги гости од Германија, брачен пар кој во Вевчани се враќа после цели 52 години. За крај на прекрасната дружба, добивме уште подраг подарок – слики од нивната прва посета во 1970-та година. Уште еднаш, неизмерно сме благодарни, напишаа од Кутмичевица.

Погледнете ги фотографиите, кои според објавата се направени во септември 1970 година.

извор: ОхридПрес/Pansion Kutmičevica – Vevčani фото: Eggert Gottsrh/Pansion Kutmičevica – Vevčani

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука