Охрид, 19. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат „Охридските приказни“ во „Форт Кафе“, овој четврток со изложба на фотографии од едицијата „Мојот магичен град“ од Зоран Вељаноски- Летра.
– Тој е визуелен уметник на нашето време. Со своите фотографии учествува на изложби ширум светот и добива награди и признанија, во Чешка, Франција, Јапонија, Кина, Португалија, Русија, САД каде го претставува Охрид како град на уметноста, зошто Охрид сам по себе е уметност. Космополитизмот на Охрид и стекнувањето на пријатели низ светот се потврдени и преку објавувањето поштенска марка во Франција со ликот на охридскиот фотограф Зоран Велјаноски- Летра, информираат од „Форт Кафе“.
Додаваат дека станува збор за настан кој ќе се одржи по 8 години од последната изложба на фотографии во Охрид и 22 години од првата самостојна изложба.
– Повелете на 22-ри септември 2022 година, во 19:00 часот, во „Форт Кафе“ на изложба на фотографии од едицијата „Мојот магичен град“, со музичка поддршка на Маестро Џеват Рамаданоски, охридскиот звук на виолината. З’ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“.
„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing