септември 20, 2022

Охрид. 20. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 24-ти септември 2022 година, во 11:00 часот, на Неолитскиот локалитет „Заливот на коските“ во Охрид ќе се одржи презентација на проектот „Керамикум во мермер“ од Емил Солески.

– Овој мултимедијален проект ја има во фокус куќата „Желбеник“ како трансцедентен објект на субјективното доживување. Желбениците се создавани во едно време, невреме… Кога почнав да фантазирам за едно време, а можеби и невреме, можеби, велам оти е изгубена од хоризонтот, но никако изгубена од видокругот на археолозите. Изложбата ќе содржи вкупно 28 желбеници. Пет групи по пет „Желбеници“, кои инсценираат неолитски села, ќе бидат поставени кружно околу група од три желбеници што симболизираат земја, вода, сонце, вели авторот.

Проектот го третира македонскиот неолит како тема која е потребно, со актуелизирање, да ја збогати мапата на туристичка понуда, како дел од богатото културно-историско наследство на нашата земја. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука