ЕКОЛОГИЈА Избор Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Утре во Вевчани ќе се одржи Презентација на природните вредности на планината Јабланица

Вевчани, 21. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ (старото основно училиште) во Вевчани, во организација на Македонското еколошко друштво – МЕД, утре од 11:00 часто, ќе се одржи Презентација на природните вредности на планината Јабланица.

Активноста е во склоп на одбележувањето на „Ден на европскиот зелен појас“ и процесот на прогласување на Јабланица за заштитено подрачје.

Како дополнителна/алтернативна програма, истиот ден ќе се организира и планинарска тура на планината Јабланица, сè со цел запознавање на најшироката јавност со убавините на Јабланица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото;: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука