Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Охридски приказни“: Вечерва изложба на фотографии од едицијата „Мојот магичен град“ од Зоран Вељаноски- Летра во „Форт Кафе“

Охрид, 22. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во охридското „Форт Кафе“, вечерва од 19:00 часот ќе биде отворена изложба на фотографии од едицијата „Мојот магичен град“ од Зоран Вељаноски- Летра.

– Магијата на фотографијата ме освои уште од средношколските денови. Секоја фотографија во себе носи по некоја животна приказна. Нема рецепт за добра фотографија, едноставно се случува, вели Зоран Вељаноски- Летра, кој е дел од „Охридските приказни“, кои во текот на септември ќе се раскажуваат во „Форт кафе“.

Тој додава дека Охрид е прескапоцен, преголем е за нас, волшебен сам по себе.

– Во моите спомени, носталгично е вткаен во секоја клетка од моето битие. Сакам да биде модерен, ЕКО ориентиран, град со концертна сала, град со галерии за изложби, за уметници, сликари, фотографи, град кој ќе има простор за промоции на книги. Тоа е она што најмногу му го посакувам на мојот Охрид, потенцира Вељаноски- Летра.

Изложбата ќе се одржи со музичка поддршка на Маестро Џеват Рамаданоски, охридскиот звук на виолина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука