Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Во петок ќе биде отворена Планинската куќа во селото Брежани

Брежани, 26. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 30-ти септември 2022 година ќе биде отворена Планинската куќа во селото Брежани, општина Дебрца.

Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото и нејзина адаптација во Планинска куќа е реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.

Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца од Република Македонија и Грамш од Република Албанија, како и Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.

Планинската куќа Брежани располага со 10 легла, тоалети, кујна и заеднички простории. Очекувањата се дека овој објект ќе придонесе за развојот на авантуристичкиот туризам во овој регион и дека ќе биде поттик за понатамошни заложби за инвестиции во авантуристчкиот туризам. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука