Црвена Вода, 3. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во селото Црвена Вода, Дебрца, денеска беше одбежежан јубилејот – 79-години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на Општина Дебрца.
Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно може да се констира дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца, местото каде се испишани најсветлите страници од македонската историја.
Во Црвена Вода и на Славеј Планина пред 79 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот „Мирче Ацев“. Во селото Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, со што Дебрца стана првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија.
Делегација на Општина Дебрца, предводена од градоначалникот Зоран Ногачески положи свежо цвеќе на споменикот во селото Црвена Вода. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Дебрца