Волино, 3. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишниот Г.И. од охридското село Волино, Општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една автоматска пушка „Шпагин“ калибар 7,62 милиметри што нелегално ја поседувал, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 43