октомври 4, 2022

Охрид, 4. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – И во текот на месец октомври продолжуваат „Охридските приказни“ во „Форт Кафе“, овој четврток со Проф. д-р Владимир Групчев.

– Следејќи го патот на љубовта и науката, Проф. д-р Владимир Групчев заминува на постдипломски студии во САД каде е неговата Ангела. Магистрира математика, а потоа докторира компјутерски науки и инженеринг, по што е предавач на Универзитетот во Јужна Флорида. Годиниве предаваше и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и на Универзитетот „Визион“ во Гостивар. Вели дека го исполнува кога може да го пренесе своето искуство и знаење до студентите. За него Охрид е град на детството, средношколските денови, град на љубовта и семејството, информираат од „Форт Кафе“.

Со него ќе разговараме каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме сите и сите сме Охрид.

– Повелете на 6-ти октомври 2022 година, од 19:00 часот, во „Форт Кафе“. З’ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука