октомври 4, 2022

Охрид, 4. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица – Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза.

– Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата. Во петок, на 7-ми октомври, со почеток од 11:30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам – Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив. Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото. Не за бугарскиот Хитлер. Најстрого го осудуваме отворањето на овој клуб во Република Македонија и премолчувањето од страна на Владата која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот. Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт. Смрт за фашизмот, слобода на народот, порачуваат од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука