октомври 6, 2022

Охрид, 6. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму се намалува нивото на водата во Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,26 м.н.в, што е за 2 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в), односно 16 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 16 степени.

Можно е да е слика од текст кој вели „МИНИСТЕРСТВО ЗЕМЛОДЕЛСТВО. ШУМАРСТВО Управа хидрометворолошки работи- ВОДОСТОПАНСТВО (споредба Табела ДНЕВНА ХИДРОЛОШКА ИНФОРМАЦИА ЕЗЕРА наредниют претходниот ден очекувана Водостои прикажани СТАНИЦА- 06.10.2022 cm измерени 05.10.22 07:30 часот Вардар 07.10.22 78 Просакз 122 Октомври 84 126 2 33 2 24 66 Пчина К.ПАЛАНКА 24 64 106 20 = 20 40 57 19 СУШЕВО Струплица .СЕЛО Река 15 50 48 23 Дрим 134 46 23 34 22 74 49 38 107 107 НДОГРАН 146.63 нд ОХРИД 145.63 의 693.27 144.11 693.26 843.77 1 часот 693.28 Ез.Охрид нд Проверил: Одобрил: BC 16.8 ДИРЕКтОР, м-р правото натпор понатамошна обработка: корекцииа плиуание промената подостаот,“

Во приобалниот дел на неколку места веќе се забележливи суви делови. Трендот на пад на нивото продолжува. Од почетокот на месецов водостојот е намален за два сантиметри. Ваквата состојба ги остави и Билјанините извори без вода.

Нема достапен опис

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука