Москва, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за надворешни работи на Руската Федерација изразува надеж дека ќе биде направенатемелна истрага по неуспешниот обид за државен удар во Македонија,се вели во пораката објавена на сајтот на министерството, јави ИТАР-ТАСС.– Изразуваме надеж дека ќе се спроведе темелна истрага што се случило воинтерес на гарантирањето на безбедноста и стабилноста во Македонија. Ги повикуваме сите политички сили во земјата да дејствуваат во рамките науставните демократски институции и да ги решаваат проблемите по пат на дијалог, се истакнува во соопштението. „Дестабилизирање на ситуацијата вопријателска Македонија креира опасност од влошување на меѓуетничкитетензии“, се додава во текстот.Власта во Република Македонија соопшти дека е спречен обид за државен удар.Во организацијата на неуспешниот пуч учествувал и возачот на најголематаопозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.(Крај)извор: ИТАР-ТАСС фото: DW
февруари 1, 2015
@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука