Охрид, 1. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со богата музичка програма и многу гости, Охрид, најголемиот туристички центар во Република Македонија ја дочека Новата 2023 година.
Организиран дочек имаше на Градскиот плоштад со музичка програма со локални музичари. И покрај тоа што беше најавена скромна прослава и украсување, сепак градот изгледа убаво, а и програмата на Градскиот плоштад привлече бројни посетители. Настапија Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски, како и Dj-ите Багзи и Јана Слеј.
Додека гостите се забавуваа на Градскиот плоштад или во угостителските објекти, охриѓани во најголем дел Новата година ја пречекаа во домовите со богата трпеза и во кругот на најблиското семејство. Исполнети се приватните станови, а дел од хотелско-сместувачките капацитети работат со половина капацитет или воопшто не ги отворија вратите за празниците.
Празничната програма продлжува и на 1-ви јануари точно на пладне со настап на Марија Савеска и групата Камелеон, а интерес ќе привлече и проектот „И повторно евергрин“ со настап на Лидија Кочоска, Влатко Груески и Андреј Наунов. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес