Охрид, 2. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – 18-годишната Љатифе Алиоска од Кичево го роди првото машко бебе во охридската болница.
Првото бебе за мајката Љатифе е тешко 3.450 грама и долго 53 сантиметри. Породена беше од д-р Охридија Филева.
Првото новороденче во Новата година во соседна Струга е женско и се роди на Гинеколошкото одделение во струшката Општа болница.
Бебето, како што информира директорот на Болицата Арменд Арслани, е родено во 19:55 часот и е тешко 3.100 грама.
– Бебето и мајката се во добра здраствена состојба, изјави Арслани. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 70